Со пропаѓањето на Еуростандард банка блокирани се 100.000 сметки, а над 40.000 пензионери се оставени без своите пензии, измамени штедачи и над 50 милиони евра дадени во лоши кредити без покритие.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 септември, 2020 19:15

Неизвесна судбината на над 2000 вработени во АД Пошти поради скандалот тежок 200 милиони евра!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Скандалот тежок 200 милиони евра, ја донесе во неизвесност иднината на 2300 вработени од АД Пошти на Македонија, поради пропаѓањето на Еуростандардбанка.

Веќе речиси еден месец граѓаните не можат да ги користат услугите на Македонска Пошта што предизвикува револт, а воедно и самата компанија на дневна основа генерира големи финансиски загуби со оневозможувањето на вршење на услугата платен промет во повеќе од 330 филијали на цела територија на државата.

Со пропаѓањето на Еуростандард банка блокирани се 100.000 сметки, а над 40.000 пензионери се оставени без своите пензии, измамени штедачи и над 50 милиони евра дадени во лоши кредити без покритие.

На вчерашната прес конференција синдикатот на Македонска пошта побара итно решавање на состојбата, но Владата до сега се уште нема понудено никакво решение за иднината на Македонска пошта и вработените кои стравуваат за своите работни места.

За потсетување мнозински акционер на Еуростандард банка, беше бизнисменот Трифун Костовски. Народната банка и ја одзеде дозволата и побара стечај.

Гувернерката Бежоска по самото затворање истакна дека биле максимални напори таа да не се затвори, но кредитните загуби биле преголеми.

Имено како што изјави тогаш банката издавала кредити без соодветно покритие. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.