На Клиниката за инфективни болести нема пациенти хоспитализирани со западнонилска треска

Објавил: admin@magazin | 11 август, 2018 14:20

Нема заболени од западнонилска треска

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Нема регистриран случај на западнонилска треска во Македонија. Институтот за јавно здравје на Република Македонија располага со сите потребни дијагностички процедури, експертиза, реагенси и се што е потребно за дијагностика и конфирмација на ова заболување.

Ова денеска го изјавија д-р Илир Демири, член на Комисијата за заразни болести и д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог од Институтот за јавно здравје.

На Клиниката за инфективни болести нема пациенти хоспитализирани со западнонилска треска. И при амбулантските прегледи не е регистриан болен. Инфекцијата најчесто поминува без појава на симптоми и потешкотии. Дури 80 проценти од инфекциите со овој вирус кај човекот се без симптоми, а преостанатиот процент најчесто се манифестира преку благи форми, со симптоми слични на грип, кои поминуваат за три до шест дена – рече Демири.

Тој додаде дека многу ретко ова заболување знае да даде потешка форма која се манифестира со менингит, енцефалит… и тие болни се предмет на инвестигација и хоспитализација на Клиниката за инфективни болести. Според него, превенцијата би била да се минимизира можноста од каснување од комарци.

Д-р Кузмановска рече дека во почетната фаза на заболувањето симптомите се главоболка, висока температура, треска, малаксаност и дека потребно е да поминат неколку дена за да се издеференцира сликата.

До овој момент нема регистриран случај на западнонилска треска и покрај тоа што во соседството има вакви случаи и се зголемува нивниот број. Во април се почнати првите лавицидни прскања односно уништување на ларвите на комарците. Меѓутоа, опасноста е секогаш реална со оглед на тоа што комарците не можете да ги затворите и тие не се концентрирани на едно место. Само еден отсто од сите кои на некој начин ќе бидат инфицирани со вирусот на западнонилска треска ќе развијат тешки форми -истакна Кузмановска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...