Рекордот засега го држи пратеничката Тања Ковачев, која си ги вработила: сопругот, сестрата, зетот за сестра и золвата.

Објавил: Данаил Михајловски | 26 февруари, 2019 15:48

Тања Ковачев – непотизмот е засега најуспешниот проект на власта!?

Фото/Текст извор: ©магазин

Пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаска, е следна во редот на функционерите кои невработеноста во Македонија ја решаваат преку запослување на своите роднини. Таа си го вработила својот зет Антонио Двојаковски во Македонски шуми по договор на дело, а планот е да добие решение после изборите. Шахпаска си ја вработила својата золва, односно сестрата на нејзиниот сопруг, Маја Двојаковска во општина Берово, во која општина се збори дека има превработеност на административци. 

Пеце Мирчевски, директор на СОЗР и партиски функционер на СДСМ си го вработил својот шура Тимчо Биљарски како инспектор во МВР, а како дата на вработување е датумот 31.12.2018, како подарок за на Нова година.

Струмица, Јуни 2016: “Слободата што се чувствува во Струмица ќе ја донесеме во цела Македонија. Да не му дозволиме на режимот да си игра играчки со државата. Протестираме овде за правда и демократија. А ти Никола, ти си криминалец, ќе одиш во затвор и ќе ги вратиме на народот сите пари што ти ги украде“, истакна Тања Ковачев на протестот на СДСМ.

Рекордот засега го држи пратеничката Тања Ковачев од СДСМ, за која во медиумите се обзнани дека си ги вработила: сопругот, сестрата, зетот за сестра и золвата. Таа го вработила сопругот Дејан Ковачев во АД Аеродромски услуги – Аеродроми на Македонија. Потоа си ја вработила сестрата Катерина Хаџиевска Јакимовска во УЈП како инспектор за игри на среќа. Понатаму, пратеничката Тања Ковачев го вработила и зетот за сестра, Бобан Јакимовски, во градското претпријатие Водовод и канализација Скопје. И за да биде цел пакет комплетен со роднинските вработувања, оваа пратеничка си ја вработила и золвата Елеонора Фунду (сестрата на сопругот на Тања Ковачев), која е поставена како претседател на Надзорен одбор на АД Аеродромски услуги Аеродроми на Македонија каде што работи Дејан Ковачев мажот на Тања Ковачев.  

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Непотизам

Град Скопје ги потсетува граѓаните дела е во тек јавниот повик за доделување стипендии на средношколци со попречености, ученици во средните училишта на Град Скопје за учебната 2020/2021 година.

ВО ТЕК Е ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ

ВО ТЕК Е ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ! Град...

Како што иформираат тамошните медиуми, дваесет и петгодишниот Сејнур Бекири, по потекло од Македонија загина кога автомобилот во кој се возел излетал од патот и се забил во дрво, вчера вечерта во местото Кастиџано, кај Анкона во Италија.

ТРАГЕДИЈА: Момче од Македонија загина во сообраќајка во Италија

Трагедија на патиштата во Италија, загина македонски државјанин на местото Кастиџано. Како...