Според информациите до кои дојдовме, четиринаесетгодишното момче се возело на моторцикл.

Објавил: admin@magazin | 31 мај, 2019 15:24

НЕСРЕЌА: Синот на градоначалникот Митко Јанчев тешко повреден во сообраќајна несреќа!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Синот на кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев е тешко повреден во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила во Кавадарци. Момчето возејќи се на на „мопед“, се судрил со автомобил.

Четиринаесетгодишното момче и син на кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев, ноќеска тешко е повреден во сообраќајна несреќа во Кавадарци. Возејќи се на на „мопед“, се судрил со автомобил.

Митко Јанчев е управител на фирмата Кожувчанка 13 години, од своја 23 годишна возраст се до 2017 година. Митко Јанчев е член на управниот одбор на Стопанска комора на Република Македонија, како и Претседател на Регионалната Стопанска комора- Кавадарци во периодот од 2013 година до 2017 година.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата во која е повреден синот на кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев, се случила триесетина минути по полноќ на крстосницата од улиците „8 Септември“ и „Гоце Делчев“ во Кавадарци. Дошло до судир меѓу автомобил „фолксваген пасат“, управувано од Н.А. (36) од Кавадарци, и мопед „априлија“, управуван од петнаесетгодишно момче и сопатник – негов врсник.
„Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле малолетниците и се пренесени во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот“, велат од полицијата.

Наскоро подетални информации за несреќата.

Митко Јанчев е сопственик на „Кожувчанка“, а до пред неколку месеци беше потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, но беше разрешен поради критиките кон раководството за ставот околу референдумот за името.

На последните локални избори е избран за Градоначалник на Општина Кавадарци.

Митко Јанчев е дипломиран инженер-геолог на Универзитетот “Гоце Делчев”- Штип, а Магистерските студии на истиот ги завршува во отсекот на техничките науки, петрологија, минералогија и геохемија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.