Политичкиот аналитичар, Зеколи, смета дека оставката на Коѕијас е воедно и признавање на неуспешноста на Преспанскиот договор, пред да припадната уставните измени

Објавил: Мирко Бачиќ | 18 октомври, 2018 7:05

Не е чудно што Коѕијас даде оставка, чудно е што веднаш му беше прифатена

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи на својот Твитер профил повторно ги коментира актуелните политички случувања од кои најактуелна е оставката на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.

Тој коментира дека оставката на Коѕијас иако е изненадувачка не е чудна.

Единствено нешто што според Зеколи во моментов е чудно како што вели е промтното прифаќње на оставката од страна на Ципрас и фактот што тој го превзема лично министерството.

Оставката на Коѕијас, е малку изненадувачка, но не и чудна. Но промптното прифаќање на оставката од Ципрас и неговото превземање на МНР, а тоа е многу чудно и (засега) загадочно. – пишува Зеколи на Твитер.

Интересно е што оставката на Коѕијас доаѓа само неколку дена пред се по извесните неуспешни уставни измени во Македонија кои требаа да бидат резултат на Договор од Преспа.

Дали оставката на Коѕијас можеби е превземање на вина од страна на поранешниот министерот за надворешни на Грција за потпишување на договор кој по се изгледа нема да биде успешен?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.