Мерните станици покажуваат над-нормално загадување во мерните станици во Струмица, Битола, Скопје, Тетово и Кочани…

Објавил: Весна Петровска | 16 декември, 2019 18:21

НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ ОД ДОМА – докторите препорачуваат: Екстремно загадување – надвор е КАНЦЕР!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Македоија се гуши,  и попладневно измерено е екстремно загадување во воздухот.

Не излегувајте до дома ако немате потреба. Мерните станици покажуваат над-нормално загадување во мерните станици во Струмица, Битола, Скопје, Тетово и Кочани…

Во Струмица се измерени рекордни 362 µg/m3, додека мерната станица во Битола покажува висока концентрација на ПМ честички, дури 242 µg/m3.

Во Тетово пак се измерени 216 µg/m3, што е значително над дозволеното, исто така и во Миладиновци се измерени високи 161 µg/m3.

Моменлната состојба во Македонија

Експертите препорачуваат да избегнете подолги периоди на отворена површина. Додека на мали деца, стари лица и бремени жени им се препорачува да не излегуваат без посебна потреба.

Болниците низ земјава се полнат со пациенти кои бараат помош, најчесто тоа се хронично болните лица.

Кога воздухот е загаден остануваат препораките од лекарите : Ограничени движења на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцевиот систем, со посебен ризик за болните од белодробна астма) но и за лица кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони во градот.Загадениот воздух и климатските промени се на врвот на листата за најголеми закани по човековото здравје во светот во 2019 година, што ја подготви Светската здравствена организација (СЗО). Според СЗО, девет од десет луѓе дишат загаден воздух секој ден, што доведува до загуба на седум милиони човечки животи секоја година од болестите предизвикани од ова зло, како што се рак, мозочни и срцеви удари, потоа други заболување на крвоносниот систем и на белите дробови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.