Миле Јовановски и Виктор Стојчев се соседи. Јовановски е обвинет дека физички го нападнал Стојчев и тешко го повредил. Сведок на настанот бил и Боки 13, кој денес заради економичност на постапката не беше спроведен од затворот во Шутка каде што е во притвор како обвинет во „Рекет“. Но, тој ќе сведочи понатаму, пишува СДК.мк

Објавил: Весна Петровска | 21 октомври, 2019 19:42

НЕ СУМ СТАЛОНЕ ДА ГО ИСТЕПАМ ПОПОТ ЗА МИНУТА – вака дрско одговори таткото на Боки 13 по судењето за физички напад

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Без воопшто да го извести судот, скопската обвинителката Имран Османи едноставно не се појави на денешното прво рочиште по приватна тужба од поп Виктор Стојчев натепан од Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски-Боки 13.

Миле Јовановски и Виктор Стојчев се соседи. Јовановски е обвинет дека физички го нападнал Стојчев и тешко го повредил. Сведок на настанот бил и Боки 13, кој денес заради економичност на постапката не беше спроведен од затворот во Шутка каде што е во притвор како обвинет во „Рекет“. Но, тој ќе сведочи понатаму, пишува СДК.мк

Надвор од судницата, Јовановски на новинарско прашање дали навистина го истепал соседот, одговори:

„Јас, Силвестер Сталоне ли сум да го истепам за една минута?“.

Очевидец на нападот, како што кажа Стојчев, е и неговата сопруга. И таа ќе сведочи кога ќе почне овој судски процес.

Адвокатката на Јовановски ѝ се пожали на судијката Александра Ристеска дека и таа ја барала обвинителката да ѝ дозволи увид во доказите, што е законско право на обвинетите, и оти не може никако да ја најде, па така за денешното судско рочиште дошла со празни раце.

За потсетување, ТВ Алфа објави запрепастувачко видео од нападот на Бојан Јовановски во јавноста и неговиот татко Миле Јовановски врз поп на МПЦ.

Во видеото кое е најава за репортажи кои Алфа ги најавува за наредните денови се гледа како таткото Миле и Боки 13 вршат вербални и физички напади врз свештеник кој се обидува да влезе во својот дом.

Нападот е извршен додека во возилото на попот има две деца, а инцидентот го гледаат и сопругата и уште едно дете.

Алфа истpaжува зошто 30 месеци Миле Јовановски номинален сопственик на медиумот 1ТВ близок до власта и неговиот син Боки 13 се зaштитени и се уште не се кaзнети за овој случај. Случајот започнал во јануари 2017 и се уште не е затвopeн.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.