Николова е позната и по брачната заедница со поранешниот амбасадор Буџаку, директор на Центарот за управување со кризи, и е гласен критичар на кадровите решенија на Кирацоски

Објавил: Мартин Попоски | 8 ноември, 2018 7:10

Николова до Кирацоски: Интелектуалци не вработуваш, а си ја вработи љубовницата во Катастар

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Мери Николова од иницијативата УДАР, познат партиски активист на СДСМ, незадоволна од непотизмот во СДСМ распали по Кирацоски.

Имено Николова, е една од најгласните активистки на СДСМ и т.н. „шарена револуција“ која се бореше за поголеми права на затворениците, како и за законот за амнестија со кој беа ослободени речиси 1.000 сторители на кривични дела од затворите низ земјата.

Синоќа на својот профил на социјалните мрежи жестоко распали по генералниот секретар на СДСМ и актуелен пратеник, Александар Кирацоски.

Александар Кирац од вистината не се бега. Ти си најголемото промашување како секретар, ја уништи партијата, ги отфрли членовите и симпатизерите. Што мислиш, да беше чист немаше да ме тргнеш од листа на пријатели.

СДСМ никогаш нема да победи во иднина поради тебе и таквите како тебе. Кирац објасни и на јавноста зошто чесни млади интелектуалци не се вработуват и како ти од Могила си ја вработи љубовницата во Катастар? Немој ни случајно да си негирал има многу докази за тебе.

Инаку мажуле, мене јави ми се како маж да бришам статуси а не да се јавуваш кај мои блиски! Јас не сум партиски послушник што само ќе клатам со глава, граѓански активист е мојата титула, тоа никогаш немој да го забораваш. – напиша Николова.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.