Потпретседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Александар Николоски, со прашање до Владата и премиерот Заев, зошто на 11 дена пред референдумот ги кријат новите членови на Уставот?

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 септември, 2018 8:09

Николоски: Зошто Владата ги крие амандманите и Преамбулата за уставните промени?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Граѓаните се навистина загрижени за сето она што се случува, има огромен отпор кон Договорот со Грција.

Граѓаните, пред се етничките Македонци не го прифаќаат, се против преименувањето и промената на Уставот, како и промената на националниот идентитет на Македонците, изјави Александар Николовски, потпретседател на ВМРО – ДПМНЕ.

“Се отвора прашања зошто на 10-тина дена до референдумот Владата не ги објавува уставните амандмани а и новата Преамбула, затоа што клучниот дел од договорот е промена на Уставот, промена на преамбулата, на членовите 3 и 49 како и промена секаде онаму каде што пишува Република Македонија во Република Северна Македонија.”

Неодамна премиерот Заев изјави дека прво треба да помине референдумот, а потоа ќе се претстават новите членови и новата Преамбула на Уставот, затоа што сега само би ги исплашиле граѓаните, на што Николоски постави прашање:

Јавно уште еднаш прашуваме зошто Владата не ги објави амандманите и која е целта на необјавување на амандманите? Образложението дека ќе се сработат по одржување на референдумот не држи, образложението дека треба време исто така не држи затоа што се работи за едноставни кратки амандмани. Можеби држи она што го кажа премиерот Заев, а тоа е дека граѓаните ќе се уплашат доколку ги видат амандманите.

Ние ја повикуваме владата да ги објави, баш за да можат да ги видат граѓаните и да видат кој е тој голем страв кој што го крие владата од нив, истакна Николовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.