ВМРО - ДПМНЕ извести дека на конференција на ЕПП во Брисел ќе патува Николоски, затоа што Мицкоски ќе го следи гласањето за уставни измени закажано за понеделник

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 октомври, 2018 6:42

Николоски ќе ја претставува ВМРО – ДПМНЕ на конференцијата на ЕПП

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По информации во медиумите пренесени од дописничката на Македонската информативна агенција, дека ЕПП му се заканил со исклучување на ВМРО – ДПМНЕ од Европската народна партија, се огласија и од ВМРО – ДПМНЕ.

Низ медиумите беше лиферувана и по информацијата дека претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема да присуствува на една од редовните конференции на ЕПП, од опозицијата соопштија дека потпретседателот Александар Николоски ќе биде присутен во Брисел.

Од ВМРО – ДПМНЕ додаваат дека партијата секогаш била соодветно претставувана од партиски функционери на различно ниво, така што тенденциозно е присуството на потпретседателот Александар Николоски да се претставува како изолација на партијата или претседателот Христијан Мицкоски.

За Претседателот Мицкоски приоритет е заштитата на македонските национални интереси и јасно изразената волја на граѓаните кои на одржаниот референдум одлучно се спротивставија на капитулантскиот договор и не дадоа поддршка на промена на името, идентитетот, историјата, традицијата и културата. – стои во соопштението.

Од ВМРО – ДПМНЕ соопштуваат дека Мицкоски нема да биде присутен на конференцијата на ЕПП поради закажаното гласање за уставни измени за во понеделник.

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема да присуствува на конференцијата на ЕПП во Брисел заради тоа што за понеделник е најавено одржување на пленарна седница на Собранието на Република Македонија по владината иницијатива за измени на Уставот. – се вели во соопштението на партијата.

Самата покана испратена до ВМРО – ДПМНЕ е повеќе од јасна порака и најдобар демант до сите “душегрижници” кои ширеа лажни информации и вести во јавноста за изолација на партијата и нејзино исфрлање од ЕПП.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.