На Афричкиот континент повторно епидемија од Ебола со мртви и голем број инфицирани

Објавил: Мартин Попоски | 20 август, 2018 13:57

Нова епидемија со голем број мртви и илјадници инфицирани

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во новата епидемија на ебола во Конго починаа 49 лица а уште 2.000 се под надзор на доктор поради сомнение дека се заразени од опасниот вирус.

Ебола е заболување кај човекот предизвикано од ебола вирус. Симптомите на оваа болест вообичаено се појавуваат два дена до три седмици по заразувањето со вирусот со треска – воспаление на грлото – мускулни болки и главоболки. Потоа вообичаено следуваат мачнина – повраќање и дијареа проследено со намалена функција на црниот дроб и бубрезите. Во тој период кај некои лица почнуваат да се јавуваат проблеми со крварење. Смрттноста е мошне честа.

Во новата епидемија на ебола во Конго умреа 49 лица а уште најмалку две илјади се под надзор на лекар поради сомнеж дека се заразени со опасниот вирус.

Епидемијата е прогласена на 1 август годинава на северот на Конго каде почетно се заразени 90 лица.

Според новинските агенции лекарите до сега регистрирале 2.000 луше кои биле во контакт со заразените и се проверуваат дали и тие се заболени од ебола.

Од 1976-та година наваму Конго имаше десет епидемии а во претходната загинаа 33 лица.

Најголемата епидемија на ебола која ја памти светот беше во 2013та година кога умреа речиси 11.500 души од кои најмногу во Гвинеја – Сиера Леоне и Либерија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести