Во попладневните часови од запад ќе започнат врнежи од дожд, кој во вечерните и ноќните часови ќе се прошират насекаде.

Објавил: Рејхан Бајрами | 31 јануари, 2021 9:41

НОВА ЦИКЛОНСКА АКТИВНОСТ СЕ ДВИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА: ЌЕ ДОНЕСЕ НОВИ ВРНЕЖИ И СИЛЕН ЈУЖЕН ВЕТЕР

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Под влијание на циклонска активност во текор на денешниот ден ќе имаме претежно облачно време. Во текот на денот воздушниот притисок значително ќе се намали, а ќе започне да дува и ветер од јужен и од југоисточен правец кој повремено на некои места ќе биде ЗАСИЛЕН по интензитет со брзина од над 70 км/час.

Во попладневните часови од запад ќе започнат врнежи од дожд, кој во вечерните и ноќните часови ќе се прошират насекаде.

Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели каде локално ќе наврнат нови над 30 л/м2 воден талог. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.

Во Скопје и околината овој циклонски систем исто така ќе донесе врнежи од дожд утре доцна попладне и навечер. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени.

Потоа на почетокот од следната недела, односно до вторник ќе има повремен локален дожд со послаб интензитет. Стабилизирање на времето и многу повеќе сонце како и потопло ќе биде од среда.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...