Ѓерѓ Дедај како непожелна личност е осуден и од турските граѓани на Македонија кои побараа претседателот Иванов да не ги прима неговите акредитиви

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 август, 2018 8:14

Новиот амбасадор на Косово во Македонја не го сакат ни во сопствената држава

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дедај со навреди кон сите што беа против неговото именување за амбасадор во Македонија

Досегашниот заменик министер за надворешни работи на Косово Ѓерѓ Дедај кој е веќе именуван за амбасадор во Македонија упати навреди кон сите кои се противеа на ова негово именување нарекувајќи ги “кравари” – “пратеници на срамот” – “новинари платеници” и слични навредливи епитети.

“Продолжувам во МНР во очекување на новата мисија во Скопје! Не ми се пие кафето кога слушам какви “големи мажи на нацијата” го бараат моето разрешувањe и не знам дали се погледнале себе си во огледало тие препродавачи на крави – одгледувачи на печурки – [б]аналитичари – “пратеници” на срамот – “новинари” платеници?!” – напиша Дедај на својот профил на Фејсбук.

Именувањето на контроверзниот дипломат за амбасадор во Македонија предизвика бројни негативни реакции во косовската јавност и медиумите главно поради неговите навредливи изјави во однос на турската држава.

Пратениците од малцинските етнички заедници од Групата 6+ во косовското Собрание побараа разрешување на Дедај и се спротивставија на неговото именување за дипломатски претставник на Косово во Македонија.

Со отворено писмо против именувањето за амбасадор се јави и градоначалникот на Митровица Агим Бахтири кого Дедај го нарече “одгледувач на печурки” поради тоа што е сопственик на фабрика за преработка на печурките.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.