Овие снимки поврзани со случајот „Рекет“ се појавија пред еден час на истиот Јутјуб канал како што беа објавени и претходните.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 декември, 2019 16:24

НОВИ БОМБИ ЗА “РЕКЕТ”: Шокантни детали за Боки 13 и Кичеец- откриено каде шетал куферот со парите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска јавноста беше шокирана од нови 9 објавени аудио снимки кои осамнаа на Јутјуб каналот со времетраење од  10-тина секунди до минута и пол.

Овие снимки поврзани со случајот „Рекет“ се појавија пред еден час на истиот Јутјуб канал како што беа објавени и претходните.

Пред неколку месеци италјанските медиуми први објавија снимка од Рекет

Имено на снимките јавноста е збунета поради гласот кој наликува на бизнисменот Орце Камчев кој е сведок во „Рекет“ заедно со други соговорници. 

На снимката наводно бизнисменот зборува и за односнот на обвинетиот Бојан Јовановски познат како Боки 13 со осудениот Зоран Милевски-Кичеец и вели „Орце, шокираш, Орце”. 

Знаеш колку е ишетан тој куфер, колку е изнасниман? Во Загреб во Италија, во к**ови. Па со Зоки биле во Милано заедно. Абе Зоки се плеска со него? Што е работава? Дејан ги фатил како се лижеле. Јас не сум ги видел. Мене ми кажа друг човек дека за 500 евра од е**ње, овој нашиов го е**л три пати до сега, 1500 евра, е дел од разговорот објавен денеска.

 

Од „бомбите“ кои беа денеска објавени на „Јутјуб“ може да се слушне и дека наводно Камчев му пишувал пораки на премиерот Зоран Заев кој му рекол да го пријави случајот.

„Му пишувам Зоки јави се, не можам во гужва сум, не треба ништо да дадеме кај Вилма, ништо во две деца ти се колнам, мислам дека ова не треба да го дадеме таму. Му пишувам брат го имам во документ, ќе ти го покажам“. Но Заев, му вратил „Друже мој, Македонија треба да стане европска држава, правна држава да одиш ти утре да си пријавиш оти и ти ќе одговораш“.

Од обвинителството за организиран криминал го повторуваат ставот стојат на ставот дека се уште ги испитуваат снимките и кој стои зад нивното објавување.

Во продолжение слушнете ги аудио снимките кои беа објавени денеска…

 

*Магазин се оградува од веродостојноста на веста превземена од други Медиуми или социјална мрежа. Пренесувањето на веста не е наш став ниту тврдење.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.