Арбериа дизајн“, чиј сопственик е Хамди Хамзаи, во 2022 година имала приходи од околу 195.000.000 денари или 3.200.000 евра. Од нив, околу 102.000.000 денари односно 1.660.000 евра биле чиста нето добивка.

Објавил: admin@magazin | 1 август, 2023 11:12

Нови сто илјади евра за „Арберија дизајн“, Албанците обезправени а матат милиони на сметка на Македонскиот граѓанин

Фото/Текст извор: ©360 Степени

Тетовската фирма, „Арбериа дизајн“, која со години добива тендери од државни институции предводени од ДУИ, била единствен понудувач на повикот за организирање настан за 22-годишнината од Рамковниот договор, пишува 360 степени.мк.

Во текстот стои и дека и годинава оваа организација ќе чини 100 илјади евра од буџетот на министерството кое го предводи Артан Груби.

Дел од понудата на „Арбериа дизајн“, која е составен дел од Договорот со Министерството за политички систем, предвидува и печатење промотивен и материјал за обука на млади лидери, мултиетнички фестивал и други настани за периодот август–септември.

Критериум за избор била најниската цена, но „Арбериа дизајн“ немала конкуренција зашто била единствената што се пријавила на повикот.

Порталот потсетува и дека во последните три месеци Арбериа дизајн доби четири тендери од државни институции предводени од кадрите на ДУИ –  тендер на Комисијата за хартии од вредност каде претседателка е Нора Алити, поранешна пратеничка на ДУИ, тендер на Министерството за надворешни работи со кое раководи потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, тендер на Државна лотарија на чие чело е Перпарим Бајрами, поранешен шеф на кабинет на Артан Груби и тендер на универзитетот Мајка Тереза.

Само спогодбата на Арбериа дизајн со Државна лотарија „тежи“ околу 290 илјади евра за период од 12 месеци, а нејзин предмет се „услуги од маркетинг агенција за ребрендинг на корпоративен бренд и рекламна кампања“.

Фирмата Арбериа дизајн стана позната во јавноста како еден од најголемите добавувачи на Министерството за образование, пред сè, во печатењето учебници, свидетелства и друг училиштен материјал, за што добиваше милионски договори во изминатите години, пишува 360степени.мк.

„Арбериа дизајн“, чиј сопственик е Хамди Хамзаи, во 2022 година имала приходи од околу 195.000.000 денари или 3.200.000 евра. Од нив, околу 102.000.000 денари односно 1.660.000 евра биле чиста нето добивка.

Тоа пак е 52 отсто од приходите што е исклучително високо ниво на профитабилност, стои во текстот.

Неодамна, пред свечено да се означи стартот на изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10-д, прво на терен се појави брендирано комбе на „Арбериа дизајн“.

Возилото го регистрираше ТВ Телма, а Владата одбиваше да каже во каква постапка и за колку пари е ангажирана тетеовската фирма.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.