четврток, 2 мај 2024

MK/ EN/ DE



Имено оваа снимка е воедно и прва снимка направена од несреќата од сведок на немилиот настан.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 февруари, 2020 10:35

НОВО ВИДЕО ОД ХЕЛИКОПТЕРСКАТА НЕСРЕЌА: Телата во пламен, хеликоптерот срушен на сите страни

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред извесно време во јавноста излезе аматерска снимка од несреќата во која загина големата коаркарска ѕвезда Коби Брајант.

Имено оваа снимка е воедно и прва снимка направена од несреќата од сведок на немилиот настан.

Станува збор за видео направено од велосипедист кој стигнал на местото на настанот веднаш по ударот на хеликоптерот во ридот каде и се срушил, а денеска видеото било доставено  до телевизија „Си-Би-Ес“, која ги пренесе снимките. Од таму велат дека човекот доброволно го предал видеото, без притоа да бара пари за тоа.

Коби Брајант и неговата 13- годишна ќерка Џиана загинаа на 26-ти јануари…

Инаку Коби Брајант загина на 26-ти јануари во Калифорниј. Го загуби животот во голема хеликоптерска несреќа заедно со уште осум други лица, меѓу кои и неговата ќерка Џиана. 

Останатите загинати се Алиса Алтобели (13), нејзиниот татко Џон Алтобели (56) и мајка ѝ Кери Алтобели, кошаркарскиот тренер од училиштето Харбор Деј, каде што учела Џиана, Кристина Маузер (38), Пејтон Честер (13) исто така соученичка на Џиана, Сара Честер (45) мајка на Пејтон, и пилотот Ара Зобајан.

Во меѓувреме американските служби и натаму ги испитуваат причините за ужасниот пад на хеликоптерот.

Инаку денеска во јавноста излезе и веста дека кошаркарска легенда Коби Брајант и неговата 13 годишна ќерка Џиана се погребани на приватна церемонија во Лос Анџелес.

Погребот се одржал на 7 февруари и бил затворен за јавноста, а присутни биле само членовите на семејството на славниот кошаркар.

Јавна комеморација ќе биде одржана на 24.2.2020, датум што симболично го означува бројот на дресот на Мамба, неговата 20 годишна кариера и бројката (2) на дрес што ја носеше неговата ќерка.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.