Вчера се случи уште еден силен потрес од 5.3 степени по Рихтер кој се почувствува повторно и во Македонија, и беше најсилниот од сите афтершокови во албанија по разорниот потрес.

Објавил: Весна Петровска | 28 ноември, 2019 9:42

Нов земјотрес во Албанија, 5,3 степени

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Тлото во Албанија не се смирува откако разорен земјотрес од 6.4 степени ја погоди земјата, однесе животи, остави многу повредени и материјална штета.

Вчера се случи уште еден силен потрес од 5.3 степени по Рихтер кој се почувствува повторно и во Македонија, и беше најсилниот од сите афтершокови во албанија по разорниот потрес.

Афтершоковите и понатаму не престануваат. Регистрирани се повеќе потреси од 2 и 3 степени, од кои најсилниот 3.9 според Рихтер, од синоќа до денес.

По првичниот земјотрес, кој се случи во 3:54 часот во вторникот, се почувствуваа уште околу 500 потреси во истата област.

Владата денешниов ден го прогласи за ден на жалост.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.