Милионски скандал во образование – склучени два договори во четири очи за набавка на учебници

Објавил: admin@magazin | 1 септември, 2018 15:38

Нов милионски скандал во владата на Заев

Фото/Текст извор: ©алфатв

Aлфа открива нов голем финансиски скандал. Министерството за образование и наука во четири очи склучи два договори тешки околу 5,3 милиони евра со фирмите „Арс Ламина“ од Скопје и „Арбериа десигн“ од Тетово. Договорите се однесуваат на откуп на учебници за основно образованиеи дополнителен дидактички и работен материјал за адаптираните учебници од странство за учебната 2018/2019 година.

Телевизија Алфа ексклузивно ги објавува двата договори кои се склучени во четири очи. На двата договори е потпишан министерот за образование и наука др Арбер Адеми. Првиот договор е во вредност од околу три милиони евра со фирмата Арс Ламина. И вториот договор е во вредност од околу 2,3 милиони евра и е склучен со фирмата Арберија дизајн од Тетово.

Според известувањето на Бирото за јавна набавки, Министерството за образование ја брани оправданоста за склучувањето на овие два договори во четири очи поради технички или уметнички причини.

Во делот на известувањето на бирото за јавни набавки стои дека двата договори се склучени на 14 август оваа година, а стапија во сила на 31 август односно вчера. Договорот со Арс медиа е заведен под бројот 19-9384/43 . А договорот со Арбериа дизајн е заведен под број 19-9384/42. И за давата договори е добиена само по една понуда по што Министерството за образование и наука пристапило кон склучување договори во четири очи.

Договорот со фирмата Арс медиа е во вредност од 178 495 166 денари и се однесува на купување учебници и помагала по математика, природни науки, хемија и италијански јазик.

Вториот договор или договорот со фирмата Арберија дизајн е склучен во вредност од 149 027 188 денари и се однесува за набавка на учебници по физика, биологија и природни науки.

Во двата договори со фирмите Арс медиа и Арберија дизајн, кои се потпишани од министерот за образование и наука д-р Арбер Адеми во член 3 пишува дека целата постапка е спроведена без предходно објавување оглас за откуп на учебници, односно во четири очи.

Целиот текст можете да го прочитате на официјалната страна на телевизија Алфа

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести