Имено тој пред две недели го наместил последниот натпревар, пренесуваат српските медиуми.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 август, 2019 17:19

Нов скандал: Џаро пред две недели наместил натпревар во Скопје и добил 13.000 евра!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото република.мк

Македонската жива легенда Велимир Џаровски Џаро кој е познат по тоа што во својот живот има наместено повеќе од 100 натпревари, изгледа се уште не се откажува од својата работа.

Имено тој пред две недели го наместил последниот натпревар, пренесуваат српските медиуми.

Џаро иако бил добро заштитен, неколку пати бил апсен поради фудбалски местенки фото јавно.мк

Иако се чини дека е во поодминати години па многумина мислеа ќе се откаже, сепак за српските медиуми Џаро откри дека и понатаму мести натпревари, а последниот го наместил пред само две недели и од него заработил 13.000 евра.

Џаро открива дека натпреварот бил дел од Мундијалот во ракомет до 19 години кои се играше во Скопје.

„Зошто ви е чудно тоа што местам натпревари? Па, тоа е моја работа, моја професија исто како и вие што си ја работите вашата, јас си ја работам мојата. Во минатото заработував повеќе, а сега нешто помалку. Пред две недели добив 13.000 евра затоа што не ми беше дозволено да уплатам поголем износ. Стануваше збор за ракометен натпревар од Мундијалот во Скопје до 19 години. Полесно се мести во спортовите кои не привлекуваат толку внимание, не се крева голема прашина“, изјави Џаро.

Инаку Џаро е познат и како менаџер на легендарните Здравко Чолич, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, покојниот Оливер Драгоевич, Бјело Дугме и други естрадни ѕвезди, но никогаш пред јавноста не сокрива дека главната мотивација му се парите.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести