Царовска, ретко објавува приватни слики на социјалните мрежи, но овојпат сподели фотографија на „Фејсбук“. „

Објавил: Весна Петровска | 11 октомври, 2019 18:42

Мила Царовска со синот и партнерот на стадион навиваше за Македонија

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, заедно со синот и својот партнер Горан Георгиевски, вчера беше на стадион за да ја поддржи македонската фудбалска репрезентација.

Царовска, ретко објавува приватни слики на социјалните мрежи, но овојпат сподели фотографија на „Фејсбук“. „

Навиваме за победа“, напиша таа во опис на фотографијата.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со синот и партнерот на стадион навиваше за Македонија

За потсетување, Со два гола на Елиф Елмас, Македонија ја победи Словенија со 2-1 во квалификациски меч за Европското првенство. „Дијамантот“ блесна најсилно досега и донесе три многу важни бодови за нашата репрезентација.

Пред финишот на првиот дел, Ељиф Елмас ја стресе мрежата на Јан Облак по асистенција на Илија Несторовски, меѓутоа арбитрите проценија дека има офсајд затоа што Николов бил пред Јан Облак и влијаел на играта, во недозволена позиција. Од гледалиштето негодуваа, но, сепак, одлуката остана иста.

На стартот на вториот дел правдата беше задоволена, затоа што Ељиф Елмас успеа да го отвори резултатот, во 50. минута од мечот. Младиот играч доби топка од Пандев и со елегантен лоб го надмудри еден од најдобрите голмани во светот, Јан Облак (1-0).

Аријан Адеми ја извлече топката од шеснаесетникот и дојде до средината на теренот, каде го пронаде Алиоски. Тој забележа дека Елмас од левата страна е сам, па го проигра, а нашиот „дијамант“ излезе сам пред Јан Облак и го совлада со шут по земја, вторпат на овој меч (2-0). Потоа очекувано Македонија ја смири играта, а Словенија беше таа што притискаше, но немаше реализација. Сепак, од спорно досудениот пенал во судиското надополнување Иличиќ ги постави конечните 2-1 и го ублажи заслужениот пораз.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести