Покрај носителите на јавни функции со новите измени во Законот за спречување на корупцијата, отчет за својот имот ќе поднесуваат и нотарите и извршителите

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 август, 2018 11:53

Нотарите и извршителите ќе поднесуваат анкетен лист за имотна состојба

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со измените на Законот за спречување на корупцијата се предвидува нов состав на Антикорупциска комисија, се прошируваат надлежностите на комисијата, и се менуваат условите за именување претседател и членови на ДКСК.

-Се прецизираат и зголемуваат надлежностите на Антикорупциска комисија, која ќе биде надлежна да го следи финансирањето на партиите. Во случај на сомневање за незаконито финансирање по соспствена иницијатива ДКСК ќе презема мерки за утврдување на фактичка состојба, рече министерката за правда Рената Дескоска.

Со законот е предвидена и годишна контрола на имотната состојба на претседателот и членовите на ДКСК. А се проширува и кругот на лица кои ќе поднесуваат анкетен лист до ДКСК.

-Покрај сите избрани и именувани, одговорни лица во јавни претпријатија, се предвидува и нотарите и извршителите да поднесуваат анкетен лист до ДКСК и УЈП и изјава за откажување од банкарска тајна, информираше Дескоска.

Измените на законот се на јавна дебата, а министерката очекува што поскоро законот да се пушти во собраниска процедура.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.