На видео снимките може да се слушне разговор во угостителски објект чија локација редакцијата на ИНФОМАКС реши д ане ја открива.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 мај, 2020 19:24

ОБЈАВЕНИ АУДИО-СНИМКИ на кои Заев кажува на кого сѐ ќе „му е**л мајката“ и како го ставил СЈО под контрола

Фото/Текст извор: ©инфомакс.мк

На Јутјуб денеска се појавија аудио-записи од разговор на поранешниот премиер на државата Зоран Заев на кој наводно се слуша како тој разговара со анонимен соговорник а снимките биле доставени до редакцијата на ИНФОМАКС.

На видео снимките може да се слушне разговор во угостителски објект чија локација редакцијата на ИНФОМАКС реши д ане ја открива.

На аудио снимките наводно се слуша Заев како разговарал со анонимниот соговорник и ќе слушнете какво е мислењето на Зоран Заев за граѓаните, за кои вели „ебем ти таков народ“ ако и на тие избори – мислејќи на оние во декември 2016.година – не гласаат за него.

На првиот аудио-запис, јасно се слуша како соговорникот го убедува дека ако излезе на избори, тој нема да победи, бидејќи „народ не ги сака“. Ниту него, ниту пак СДСМ. На ова, Заев одговара дека соговорникот размислувал како „задоен ВМРОвец“ и го насочува да внимава на резултатот од изборите, велејќи „ќе видиш што ќе се случи“.

Вториот аудио-запис, всушност е признание на Зоран Заев дека нелегално прислушкуваните аудио-материјали ниту биле безбедни, ниту пак биле само во посед на партијата. Соговорникот го прашува Заев, зошто не му верувал нему и разговорите му ги дал на Чауш. На ова тој одговара, дека така требало со цел тие кои биле на Албански јазик да бидат преведени и да можело да се удри по Али Ахмети.

„Граѓанските организации, тоа што е финансирано од Сорос, Студентскиот парламент сите се мои“ – вели Зоран Заев во третиот аудио-запис, практично признавајќи дека протестите на т.н. шарена револуција се фиктивни.

Во четвртиот аудио-запис, лидерот на СДСМ објаснува дека „СЈО ќе превземе драстични чекори“ и дека ќе направи многу штета, притоа јасно ставајќи до знаење дека оваа институција е под негова целосна контрола. Понатаму во овој запис, Заев се заканува дека на бизнисменот Орце Камчев ќе „мамето мамино ќе му го е*ам“.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.