Најдобриот полицаец во град Скопје за 2020 година е Дарко Јовановски, вработен во Полициска станица од општа надлежност „Гази Баба“.

Објавил: admin@magazin | 27 декември, 2020 13:47

ОВА Е НАЈДОБРИОТ ПОЛИЦАЕЦ НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2020 ГОДИНА!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

НАЈДОБАР ПОЛИЦАЕЦ НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2020 ГОДИНА!

Најдобриот полицаец во град Скопје за 2020 година е Дарко Јовановски, вработен во Полициска станица од општа надлежност „Гази Баба“.

Во текот на работењето како полициски службеник покажал исклучителна професионалност и одлични резултати поради што го добива и Признанието од Град Скопје!

Јовановски вели дека за него ова е голема чест и привилегија што е избран за најдобар полицаец за 2020 година, и нагласи дека е мотив и во иднина посветено да го одржува јавниот ред и мир, бидејќи полиција е сервис на граѓаните.

Тој им се заблагодари на своите колеги за поддршката што ја добива од нив како млад полицаец, што му овозможува успешно да ги извршува секојдневните предизвици и обврски што ги носи неговата професија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести