Миленко Неделкоски на својот Фејсбук профил преку статус обвини и со видео ја покажа Јасна Мандиќ која како што вели Неделковски и таа рекетирала и перела пари заедно со Боки 13.

Објавил: Весна Петровска | 1 август, 2019 19:25

ОВА Е ЈАСНА КОЈА РЕКЕТИРАШЕ И ПЕРЕШЕ ПАРИ СО БОКИ 13- Миленко Неделковски сподели и фактура

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Откако Бранко Героски почна да пишува за случајот „Рекет“ и полека да ги открива личностите кои стојат позади Бојан Јвановски, неговиот колега директно со име и презиме јавно покажува со прст како главни виновници и соработници во овој милионски рекет.

Миленко Неделкоски на својот Фејсбук профил преку статус обвини и со видео ја покажа Јасна Мандиќ која како што вели Неделковски и таа рекетирала и перела пари заедно со Боки 13.

Oваа е таа Јасна Мандиќ што рекетирала и перела пари заедно со Боки 13.
– …“средства во висина од 231.281 евра“. Наведениот износ бил исплатен преку Македонската авторска агенција, по издадена фактура број 11/18 од 02.01.2018 година, во корист на Јасна Мандиќ – координатор на проектот Европски комплекс за возрасни лица“, стои во статусот на Миленко Неделковски.

Неодамна Миленко Неделковски преку својата колумна откри љубовна афера помеѓу Катица Јанева и Сашо Василевски. Тој исто така открива дека нивната љубовна врска завршила неславно. Но таа врска продуцирала криминал, рекет, изнуда…, а подоцна и активирање на СЈО со предмет против компанија од Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.