Одбраната на Груевски, доставила барање, од случајот да се изземе специјалната Јавна обвинителка Катица Јанева, за ова заседава судскиот совет

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 септември, 2018 10:10

Одбраната на Груевски бара изземање на Катица Јанева

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Апелацискиот суд со мало задоцнување од најавениот термин, денеска продолжи јавната седница за жалбата на првостепената пресуда за Никола Груевски и Ѓоко Поповски за предметот „Тенк“.

На седницата не присуствуваат Груевски, како и неговите бранители Димитар Дангов, Сања Алексиќ, Данчо Анаков и Боро Тасевски, кои го известиле Судот дека се спречени да дојдат бидејќи се ангажирани на други предмети во Кривичниот суд. 

Ѓоко Поповски и неговите адвокати дојдоа во Алецискиот суд.

Веднаш на почетокот судиите информираа дека одбраната на Груевски побарала изземање на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Обвинителот Гаврил Бубевски, забележа дека во законот нема основа за такво барање, по што беше дадена пауза за Судечкиот совет да реши како ќе продолжи седницата.  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.