Следното рочиште е закажано за 29 октомври

Објавил: Данаил Михајловски | 28 септември, 2018 17:50

Одложено судењето за смртта на Тамара

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Судењето на 12 обвинети за смртта на Тамара Димовска од Велес е повторно одложено.

За разлика од претходно на денешното рочиште дојдоа сите обвинети но адвокатите приговараа за условите за работа.

Најпрвин тие приговараа зошто нема превод на доказите од електронската комуникација на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и здравствените установи во Хрватска а потоа се пожалија дека во судницата нема доволно клупи каде што би го сместиле обемниот доказен материјал и дека нема услови да седат до своите обвинети клиенти.

Одбраната побара да се донесе и камера во судница за да се снима текот на постапката како што предвидува Законот за кривична постапка. По ова Судијата Станевски одлучи рочиштето да биде одложено додека обвинителството не обезбеди превод на доказите.

Во овој случај обвинети се 12 луѓе за несовесно работење во служба. Меѓу нив не е и тогашниот министер за здравство Никола Тодоров.

Поради отсуство на неколкумина обвинети судењето се одлага веќе четври пат.

Следното рочиште е закажано за 29 октомври.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.