Тој истакна дека претходниот двонеделен полициски час успеал да ја стабилизира состојбата, меѓутоа во текот на следата недела ќе се знаат точните ефекти.

Објавил: Мирко Бачиќ | 21 март, 2021 17:31

Од утре продолжува да важи рестрикцијата за движење од 22 до 5 часот наутро

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од утре продолжува полицискиот час од 22 часот до 05 часот наутро, но доколку состојбата се влоши можни се и дополнителни рестрикции, изјави министерот за здравство Венко Филипче за Сител.

-Врз основа на последните бројки на новодијагностицирани случаи, врз основа на бројот на пациенти кои што се примаат во болниците во изминатите денови и врз основа на бројот на слободни кревети кои што со менаирање и прераспределба во изминатиот период го зголемивме, ставот е дека од утре ќе продолжат да важат истите мерки, како и досега, тоа значи дека останува на сила полицискиот час од 22 до 05 часот наутро, а за евентуална дополнителна рестрикциј ќе разговараме во текот на неделата врз основа на тоа што ќе се случува следните денови, кажа Филипче.

Комисијата за заразни болести следните денови, согласно епидемиолошките анализи ќе утврди дали се потребни дополнителни рестриктивни мерки за што јавноста навремено ќе биде информирана.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи за заштита од Ковид 19.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.