Оваа пандемија ни покажа дека уништувањето на околината е директен пат за пренос на вирусите од животните на човекот, а новите економски и социјални практики ја предизвикаа минатата историја со инфективните заболувања да стане наша сегашност.

Објавил: admin@magazin | 26 декември, 2020 12:14

ОД ШТО ДА СЕ ПЛАШИМЕ ПОВЕЌЕ ОД ГРИПОТ ИЛИ КОВИД -19?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пандемијата на Ковид-19, сите последици од здравствената криза, изгубените животи, преполните болници. Многу лоши моменти, многу историја за малку време. Што ја предизвика? До кога ќе трае? Ако ова е реалноста, што нè чека утре? Д-р Камелија Бушљетиќ, специјалист пулмоалерголог, дава свои одговори на овие клучни прашања.

Оваа пандемија ни покажа дека уништувањето на околината е директен пат за пренос на вирусите од животните на човекот, а новите економски и социјални практики ја предизвикаа минатата историја со инфективните заболувања да стане наша сегашност.

Бројките се поразителни – биланс од 35,5 милиони заболени и еден милион жртви. Нема кој не е загрижен. Ако пандемијата со Ковид -19 e нашето денес што е тогаш нашето утре? – прашува д-р Бушљетиќ.

КОВИД -19 ЌЕ ТРАЕ ДО 2025 ГОДИНА?

Медицината има различни предвидувања – за вирусот сѐ уште многу малку се знае. Д-р Бушљетиќ вели дека во јуни во Nature било објавено едно од можните сценарија за иднината на вирусот. Според тие сознанија во јуни следната година – 2021 пандемијата се уште би била присутна.

Во ова сценарио вирусот се шири како бавно горење. Претпоставка е до тогаш ќе има вакцина, но е неизвесно колкава заштита ќе даде како и дали ќе биде правовремено дистрибуирано. Според ова сценарио се претпоставува дека околу 250 милиони луѓе се инфицирани, а 1,75 милиони се починати Сепак ова е само едно од можните сценарија за идната година.

И покрај различните претпоставки епидемиолозите се согласуваат околу две работи – Ковид-19 e тука и ќе остане. Неговата иднина зависи од многу работи, пред сè од тоа дали создадениот имунитет ќе трае, дали годишните времиња ќе влијаат на неговото ширење и најважно каков избор ќе направат владите и секој од нас индивидуално. Д-р Бушљетиќ вели дека ако имунитетот кон вирусот би траел помалку од 1 година, слично како и на хуманите коронавируси, тогаш Ковид -19 ќе трае до 2025 година, а можеби и подолго.

За сега истражувачите знаат малку за тоа колку трае имунитетот кон SARS-CoV-2. Според некои студии неутрализирачките антитела перзистираат до 40 дена од почетокот на инфекцијата, а според други, нивото на антитела опаѓа во тек на неколку недели, односно месеци.

Искуствата со антителата кон SARS покажаа дека тие се високи до 5 месеци, а потоа полека опаѓаат во тек на наредните 2-3 години. Не треба да се заборави дека покрај антителата, односно хуморалниот имунитет, нашата одбрана зависи и од клеточниот имунитет кој исто така е составен дел од нашиот одбранбен систем кон SARS-CoV-2. Дефинитивен одговор немаме па ќе мора да почекаме да се направат студии на поголем број испитаници и да почекаме на резултатите од вакцината против SARS-CoV-2, вели д-р Бушљетиќ.

Повеќе на овој ЛИНК

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...