В петок нова средба за законот за Специјално јавно обвинителство

Објавил: admin@magazin | 21 март, 2019 7:46

Опозицијата и власта се „препукуваат“ за СЈО: ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да ги достави предлозите

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ до денеска треба да ги достави предлозите во врска со законот за Специјалното јавно обвинителство во амандманска форма, а за во петок е закажана нова средба на која ќе се разговара за разликите по ова прашање меѓу Владата и опозицијата.

Според владиниот портпарол Миле Бошњаковски, постојат серизони разлики меѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ, кое бара СЈО да биде посебно одделение.

„Дефинитивно за нас како Влада предлог-законот е најсоодветно решение и сметаме дека треба да се имплементира без одоговлекување“, нагласи Бошњаковски.

Тој потврди дека грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе ја посети земјава но, како што рече, датумот на посетата се уште не е дефиниран.

Портпаролот Муамет Хоџа за Законот за попис, посочи дека ова не било точка на дневен ред на вчерашната владина седница. Кога законот ќе биде разгледан, јавноста, рече, ќе биде информирана.

Бошњаковски информира и за набавката на амбулантните возила за потребите на Првата помош. Нагласи дека оние дополнителни осум што ќе бидат земени од Министерството за земјоделство досега практично не се употребувале и сега само се ставаат во функција.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.