Османи во Тирана ги убедуваат соседните земји и претставниците на ЕУ дека референдумот е успешен и дека наскоро ќе се имплементираат уставните измени

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 октомври, 2018 12:52

Османи во Тирана им ветува на ЕУ претставници дека Северна ќе е

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Османи во Тирана изјави дека се работи на сите опции, Северна Македонија да се постигне со имплементирање на Договорот со Грција во Собранието.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи е на средба во Тирана со австриската министерка за Европа, интеграции и надворешни работи на Австрија, Карин Кнајсл.

Османи, повикувајќи се на гласовите на една третина од гласачкото тело на референдумот за смена на уставното име на Република Македонија во Северна рече:

Имавме исклучително важен референдумски процес во државата, во која над 600 илјади граѓани изразија јасна политичка волја за имплементација на договорот од Преспа, и придвижување на земјата напред во интегративните процеси. – изјави Османи.

Како главен преговарач и шеф на државната делегација за преговори со ЕУ, на средбата со Кнајсл, изрази благодарност за посветеноста на Австрија кон регионот, особено во делот на австриското претседателство, издигнувајќи го процесот на проширување и интеграција на регионот како еден од трите врвни приоритети на Унијата.

Османи, како што соопшти неговиот кабинет, потенцира дека Македонија ќе остане посветена на европската агенда, со продлабочување на реформски моментум, но и одлучно ќе продолжи со имплементацијата на европските правила, стандарди и вредности, со што ќе придонесе во изградбата на посилна, постабилна и поцврста Европа.

Тој се осврна и на предизвиците со кои се соочуваше земјата во однос на одржаниот референдум, при што изрази задоволство од високата поддршка на граѓаните на договорот од Преспа и членството во ЕУ и НАТО.

Вицепремиетот Османи, заедно со својот заменик и главен технички преговарач, Бојан Маричиќ, денеска престојуваат во работна посета на Тирана, во рамките на која, заедно со министрите и вицепремиерите за европска интеграција на земјите од регионот учествуваат на третата Конференција за пристапни реформи во земјите од Западен Балкан. 

На денешната Конференцијата за пристапни реформи во земјите од Западен Балкан, се очекува да биде потпишана заедничка декларација каде, меѓу другото, ќе се реафирмираат заложбите за унапредување на добрососедските односи, унапредување на регионалната соработка како и европските перспективи на земјите од Западен Балкан, по што ќе следи и обраќање на Вицепремиерот Османи на панелот посветен на комуникацијата на ЕУ во јавноста.

Во рамки на посетата на Тирана, Османи ќе оствари билатерални средби и со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати и министерката за европска интеграција на Република Косово, Дурата Хоџа. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.