Османи смета дека Охридскиот рамковен договор, кој е издејствуван со војната во 2001 година е конститутивен елемент и дека е хронолошки развој на Македонската држава

Објавил: Мартин Попоски | 30 октомври, 2018 6:32

Османи тврди дека војната од 2001 година е конститувен елемент

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И ДУИ имаат свои барања преку уставни амандмани, особено ги интересира интервенцијата за обезличување на Преамбулата на Уставот на Република Македонија.

Охридскиот рамковен договор треба да се прецизира во Преамбулата на Уставот бидејќи е решение за мултиетничка Македонија, смета вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Охридскиот рамковен договор е вклопен во Уставот со амандмани, само што не е споменат како документ. Логично е за да има една целина на конститутивните елементи на државата хронолошки да се Крушевската Република, Прогласот на АСНОМ, 8 Септември и Охридскиот рамковен Договор. – рече Османи.

Османи рече дека нацртите не се дефинирани и оти очекуваат до крајот на неделата, односно до петок да се дефинираат.

На прашање во врска со идејата за помирување, Османи вели дека и како член на ДУИ и како вицепремиер ја поддржува идејата на премиерот Зоран Заев за неопходноста од помирување.

Ја поддржуваме идејата за помирување, но она што ќе го промовира принципот на неказнивост во оваа држава е неприфатливо. Не се согласуваме со предлогот од ВМРО – ДПМНЕ за амнестија, но поддржуваме формирање на координативно национално тело за помирување во Собранието. – вели Османи.

ДУИ на ставот дека нема потреба од амнестија.

Наш став е дека директните извршители на насилство од 27 април и нарачателите на насилствата не смеат да бидат предмет на било какво помилување. Доколку имало луѓе кои се колатерална штета, кои се нашле таму и немале намера да направат штета, но биле таму, тогаш треба да бидат дел од разгледување на координативното тело. – нагласи Османи.

Охридскиот рамковен договор е постигнат како решение на војната до 2001 година, со што Османи сака да каже дека капитулацијата на Германија и Јапонија по втората светска војна се конститутивни елементи за тие држави?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.