Второто издание на "One love tour" закажано во јуни

Објавил: admin@magazin | 24 мај, 2018 23:36

Отворање на второто издание на “One love tour”

Фото/Текст извор: ©

По успешното прво издание, на големо се подготвува второто издание на македонско-бугарскиот музички фестивал “One love tour”. Според организаторот, големо отворање на второто издание на фестивалот ќе започне во Скопје, со целодневна презентација на културни, кулинарските традиции и музички уметници од Македонија и Бугарија.

Настани, со различен стил, насочени кон различни профили – семејства со деца, активни млади луѓе и софистицирани возрасни групи. Од музичките учесници оваа година на отварањето се најавени детското хорче “Златно Славејче“, Љубојна, Ансамбл Булгаре, Деси Добрева, Сашко Коцев, Фолтин, Графа, Некст Тајм и Слаткаристика. Настанот ќе биде одржан на 16-ти јуни во Градскиот парк во Скопје. Влезот е слободен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.