По новите мерки на УЈП за online регистрација, им се налутија пензионерите, на што Заев предреферендумски рече дека можеби и можат да бидат изземени од постапката

Објавил: Мартин Попоски | 20 септември, 2018 8:31

Откако им се скараа, владата ќе ги иззема пензионерите од УЈП

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Владата ја разгледува опцијата да ги изземе пензионерите и вработените кои немаат други приходи, да не се регистрираат во електронскиот систем на УЈП и податоците за нив да се извлечат од постоечкиот систем.

Премиерот Заев вели дека се уште нема конечно решение, зашто по бурната реакција во јавноста, во тек се преговори со експертите од Европската Унија, со чија поддршка се прави даночната реформата.

Зошто УЈП сега не може да ги преземе постоечките податоци за сите граѓани и да ги вметне во новиот систем.

Нешто што имаме користиме, што немаме додаваме, тоа е како лепено и не би бил целиот систем поставен на здрава основа. Разгледаувме варијанта за пензионерите и за примателите на плата да тоа се искористи и го разгледуваме. Имаме експертска помош од европската делегација и со европската помош. Ако е возможно, тоа ќе го соопштиме. – изјави Зоран Заев, премиер на РМ.

Управата соопшти дека сите граѓани што остваруваат било каков приход, па дури и само од плата или од пензија, ќе мора да одат лично на шалтерите и да ги однесат претходно отпечатените барања за регистрација во системот што ги добиле по меил.

Најголеми реакции за оваа новина дојде од пензионерите, изнемоштените и оние кои не знаат да користат комјутер.

Сакаме со ова да ги подобриме условите на граѓаните како што доликува на една европска земја. Граѓаните не треба да се грижат, нашите намери се да им помогнеме и услугите за нив да бидат подобри. – изјави Драган Тевдовски, министер за финансии.

До сега оваа обврска за пријавување на данок секоја година ја имаа околу 500 илјади граѓани. Сега, на шалтерите на УЈП ќе се оди само еднаш. Но треба да се регистрираат околу милион граѓани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести