Концепцијата е дел од Стратегијата на МОН за периодот 2018-2025 година, предвидена е со Законот за основно образование донесен пред околу една година и е дел од владината програма.

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 јануари, 2021 18:16

Царовска на дебата со професорите по уметностите: Не брзаме, туку доцниме со реформите во образованието

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерката за образование и наука Мила Царовска, претставници од Бирото за развој на образование и професори од сите нивоа на образование од областа на уметностите: основно, средно и високо, денес учествуваа на онлајн дебата којашто е дел од јавната расправа за нацрт-концепцијата за основно образование.

На состанокот беа кажани предлозите и коментарите на професорите од уметностите во врска со предложените реформи, но и беше констатирано дека реформите се неопходни.

Министерката Царовска истакна дека реформите требало да се случат уште пред десетина година и дека не се брза со новиот концепт, туку напротив веќе доцниме.

“За прв пат во последната деценија во нашата држава во делот на образованието се прават реформи на исклучително транспарентен начин и со вклученост на сите страни и дека ќе се најде баланс во предлозите со цел да се направат реформи во најдобар интерес на децата”, рече Царовска.

Министерката посочи дека со предложената концепција се дава слобода на наставниците од уметностите во држењето на наставата и внесување на овие предмети и во првите два развојни периоди што не е случај сега.

 Исто така, започнуваме со вложување и опремување на училиштата во кабинети и други простории кадешто учениците ќе може низ практична настава да се запознаат со предметите и да се стекнат со знаења”, рече Царовска.

Министерката истакна дека секаде во свет рамката за Нацрт-концепцијата ја изработуваат педагози и психолози што е првата фаза, а потоа во пишувањето на наставните програми што се втората фаза се вклучени професори и наставници од посебните области коишто се вклучени во наставата.

Министерството за образование и наука ги продолжува дебатите и консултациите за Нацрт-концепцијата. Од средината на минатиот месец до сега за предложената реформа беа консултирани сите засегнати страни, претставници од релевантни институции, универзитетски професори, над 4000 наставници, но и родители и ученици. Вебинарот за презентација на нацрт концепцијата го следеа сите директори на основните училишта и по еден предметен односно одделенски наставник, односно околу 1000 лица. Презентацијата поставена на Јутјуб ја имаат прегледано над 16.000 лица. Две посебни презентации за родители и ученици од училишта со македонски и албански јазик. Во дебатата за концепцијата од самиот почеток се вклучени раководството на СОНК и регионалните претставништва на СОНК и меѓународни организации и институции како УНИЦЕФ, светска банка, УСАИД, британска, швајцарска, делегација на ЕУ. Сите изразија поддршка затоа што реформите треба да резултираат со квалитетно основно образование. 

Одржана е и онлајн конференција со професори, наставници, претставници на ликовната, музичката и драмската дејност. Реализирани се средби и дебати со студентското собрание и професори на ПМФ.
 
Концепцијата е објавена на веб страницата на МОН со цел најшироката јавност да биде вклучена во креирањето на новиот концепт за основно образование, врз основа на демократското начело. Секој може да достави свои забелешки, коментари и предлози до 20 овој месец. Целиот овој процес се прави во најдобар интерес на учениците затоа го спроведуваме максимално транспарентно, вклучувајќи ги националните институции, граѓанските организации, социјалните партнери како и експертите за образование и професионалци од праксата.

Никој не е изоставен од овој широк консултативен процес, бидејќи целта ни е да обезбедиме целосна транспарентност на носењето на концепцијата и вклученост на сите страни. 

Самата нацрт концепција е направена врз основа на анализи, меѓународни и домашни истражување и експертски мислења и ставови од наставници кои посочуваат дека се потребни реформи во основното образование, што значи дека од самиот почеток на подготовка на концепцијата се прави во широка и консултативен процес.

Концепцијата е дел од Стратегијата на МОН за периодот 2018-2025 година, предвидена е со Законот за основно образование донесен пред околу една година и е дел од владината програма.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...