Охридскиот Рамковен Договор кој де факто значеше странста интервенција за спас на терористите од македонските безбедносни сега ќе го чествуваме во Преамбулата на Северна?

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 ноември, 2018 13:21

Охридскиот рамковен не е историски континуитет, тој е последица на војна

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Премиерот Заев со предлог уставните измени преку амандмани на Уставот на Републиката која планира да се вика Северна Македонија, по втор пат, овој пат во Преамбулата сака да го спомне Охридскиот рамковен договор.

Оние кои беа полнолетни во 2001 година за време на т.н. воен конфликт, што де факто и де јуре беше воена агресија врз суверенитетот и интегритетот на Република Македонија знаат дека Рамковниот е последица на војна, и нема врска со онаа епска историска борба на Македонците за Македонска држава.

Од Преамбулата ги бришеме виталните Одлуки и Манифестот, со тоа ги негираме 11 октомври и 2 август но го величаме 13 август 2001 година како што?

Да се потсетиме. Охридскиот рамковен договор е договор за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија, потпишан на 13 август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД.

Охридскиот договор е склучен во текот на ескалацијата на насилства помеѓу етнички албанската ОНА и македонските вооружени сили во Конфликтот од 2001. Поради тоа, многу граѓани, особено од македонска националност, го сметале договорот за насилно изнуден и неприфатлив.

Скоро 20 години подоцна, експертите и граѓаните се сѐ уште поделени околу тоа дали е Охридскиот договор извор на стабилност или, напротив, извор на нестабилност за Република Македонија.

Сепак, договорот и понатаму доследно се спроведува и се претвори во платформа за промоција и заштита на правата на припадниците на албанската етничка заедница.

Преговорите се одвивале во Вилата Билјана во Охрид во текот на јули и август 2001, каде што е и парафиран договорот на 10 август 2001, па оттаму името Охридски договор.

Преговорите траеле речиси еден месец и во нив учествувале претседателот на РМ Борис Трајковски, претставниците на политичките партии: Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ, Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Имер Имери, претседател на ПДП, и Арбен Џафери, претседател на ДПА.

Од т.н. домашни и странски претставници учествувале и претставиници на ЕУ: Франсоа Леотар и Хавиер Солана, претставници на САД: Питер Фејт и Џејмс Пердју, разни советници и експерти како Владо Поповски, Љубомир Фрчкоски .

Преговорите биле мошне напнати, бидејќи се одвивале паралелно со вооружени непријателства помеѓу двете страни.

Во неколку наврати постоела можноста да се прекинат преговорите и конфликтот да ескалира во отворена граѓанска војна. Според книгата на Петрит Менај, „ОНА-порака и надеж“, во преговорите индиректно, т.е. телефонски бил консултиран и Али Ахмети, иако тој формално не бил учесник на преговорите.

текст на Охридскиот Рамковен Договор кој де факто значеше странста интервенција за спас на терористите од македонските безбедносни сили

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.