Македонскиот писател Павловски "распали" со оние прашања кои никој не смее да му ги постави деновиве на Заев

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 август, 2018 8:53

Павловски: “Додека не проплукаме мајчино млеко затоа што сме создале македонска држава ќе бидеме уценувани со НАТО и ЕУ”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Писателот Божин Павловски реагира на изјавите дадени од официјални лица во Бугарија како и на изјавата на премиерот Зоран Заев во врска со контраверзијата околу Илинденското востание и полемиката меѓу двете земји дали е македонско или бугарско.

Во краток коментар на својот фејсбук профил насловен како “Мораше ли Заев да јава на облаци?” – Павловски укажува дека соседите на Македонија не се искрени пријатели.

“Претседателот на Бугарија јасно даде на знаење каков ќе биде квалитетот на договорите што ги прави нашиот премиер. Додека не го проплукаме мајчиното млеко затоа што сме создале македонска држава наспроти бугарската историографија ќе бидеме уценувани со тие блокади за влез во НАТО и ЕУ.

Дадовме шанса една исто така мала држава на Балканот да се изживува со нас заради нивните пусти Санстефански соништа.

Значи ли тоа дека и Грција ќе постапува на ист начин? Дека и за неа договорот од Преспа е само почеток на уцените? Ми се чини дека курбан ќе оди името на нашиот јазик заедно со кодот. Во договорот јасно е нотирано дека Македонија останува во Грција наспроти Северна Македонија. Значи дека ќе следува диференцирање на македонското од северномакедонското.

И како ќе се владее Албанија кога ќе се отвори Уставот? Се разбира исполнување на сите желби од Тиранската платформа или тргнување на чергата од под нозете на Заев. Распад на владината коалиција. Најмалку што ќе побараат тие е Северна Македонија да биде земја на два народа. Дотука е играта дека се залагаме за граѓанска држава.

Мораше ли Заев да си го потроши својот мандат на овој начин?

Импресивен би бил неговиот успех кога би си имал работа со искрени партнери. Но за жал ние за половина век живот во Федерацијата не совладавме ниту еден проблем ни со Грција ни со Бугарија па ни со Албанија. Оставивме времето да ги залечи раните откако стопати се обидовме да се договориме. Ако не му се верува на Заев дека Република Македонија правела многу обиди нека оди во Државниот архив за да ги согледа фактите.

Не можам да му се начудам зошто не им даде предност на своите предизборни ветувања туку влета право во канџите на пропагандите. Не сакам да верувам дека тие го донесоа на власт за да им служи.” – пишува тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...