Заменик - помошникот на Државниот секретар на САД за Европа и Евроазија во Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 1 август, 2018 8:48

Палмер има три дена за политички договор за Референдумот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заменик – помошникот на Државниот секретар на САД за Европа и Евроазија – Метју Палмер ќе престојува во три дневна посета на Македонија.

Палмер во основа е Директор на бирото за прашања за земјите од југоисточна Европа како заменик – помошник на Државниот секретар на САД а во Македонија пристига денес како што е наведено за да ја искаже поддршката на САД за договорот од Преспа што земјата го постигна со Грција како и за прогресот на земјата кон членството во НАТО и во ЕУ.

Палмер ќе учествува на прославата за Илинден во Крушево – каде што годинава ќе се обрати претседателот Ѓорге Иванов. Покрај средбата со Иванов предвидено е Палмер да се сретне со премиерот Зоран Заев но и со сите претседатели на политички партии  како и со претставници на локалните власти надвор од Скопје.

Неофицијално улогата на високиот гостин од САД ќе биде да изврши притисок врз политичките партии да постигнат политички договор за референдумското прашање и да го убеди претседателот на ВМРО – ДПМНЕ да не го бојкотираат претстојниот Референдум за промена на името.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.