Скандалот на Онкологија нанесе голема штета на македонското здравство, граѓаните ја загубија довербата, која може да се поврати само ако целосно се расветли случајот и има одговорност!

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 септември, 2023 21:36

Пановски: МВР и ОЈО требаше порано да влезат на Онкологија

Фото/Текст извор: ©kanal 5

Скандалот на Онкологија нанесе голема штета на македонското здравство, рече во „Вести Плус“ врвниот микробиолог др. Никола Пановски. Со него разговараше Јован Ѓорговски.

Скандалот на Онкологија нанесе голема штета на македонското здравство, граѓаните ја загубија довербата, која може да се поврати само ако целосно се расветли случајот и има одговорност.

МВР и ОЈО требаше порано да влезат на онкологија бидејќи подолг период има информации за злоупотреби за кои известуваа и дел од медиумите, смета Пановски. .

Има елементи кои укажуваат дека повеќе лица биле вмешани во скандалот. Тоа не би било возможно без знаење на надлежните на клиниката, финансии и сметководство.

Лошата ситуација во македонското здравство се должи, пред се, на партизацијата. Потребен е целосен ремонт и департизација, но притоа мора да се има предвид дека тоа нема да биде возможно без жртви, рече Пановски прашан за можноста да се поправи лошата состојба во македонското здравство.

Партиското поставување на директори на клиники е сериозен проблем и дополнително придонесува за ваквите лоши состојби.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.