Откако грчката Влада виде "преземање предвиени чекори од Скопје" се зголеми и притисокот врз Каменос и Независни Грци за поддршка на Договорот од Преспа

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 август, 2018 12:02

Папас: “Настојуваме да го убедиме Каменос за Договорот од Преспа”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Настојуваме и скептиците но и Панос Каменос да ги убедиме дека Договорот од Преспа ќе биде позитивен и во интерес на Грција вели министерот за дигитална политика и телекомуникации Никос Папас во интервју за грчката телевизија “Контра”.

За решението меѓу Македонија и Грција Папас изрази убеденост дека постои мнозинство во грчкиот Парламент но и доволно време да се убедат и скептиците.

“Очигледно е дека постојат различни мислења меѓу владините партнери за прашањето за решавање на македонскиот проблем. Сметам дека во овој момент и во грчкиот Парламент постои мнозинство со кое ова решение што се наоѓа на маса може успешно да помине. А секако мислам дека постои и време дури и скептиците да се убедат дека финализирањето на овој договор бидејќи нашите соседи ќе ги направат предвидените чекори е во интерес на Грција.” – вели Папас.

На прашањето дали меѓу убедувањето на скептиците што ги спомена е и коалициониот партнер во грчката Влада министерот за дигитална политика и телекомуникации вели дека тие настојуваат да го убедат и Каменос дека финализирањето на договорот е позитивно за Грција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.