Папата Франциск нагласи дека неговата посета всушност ја посветува на Мајка Тереза, која е родена и израсната во Скопје. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 мај, 2019 13:35

Папата Франциск испрати порака до македонските граѓани- еве што ни порачува

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Само три дена не делат од посетата на Папата Франциск, закажана на 7 ми мај. Тој непосредно пред неговата Апостолска посета испрати порака до сите верници и граѓани на нашата земја.

Франциск, роден како Хорхе Марио Бергољо
е поглавар на Римокатоличката црква и папа од 13 март 2013 година. Во редот на исусовците се приклучил во 1969 година. Франциск е 266. папа на Римокатоличката црква.

-Откако вашата земја стана независна, Светиот Престол сакаше со вас да воспостави пријателски и дипломатски односи. Денес, повеќе од кога било, има потреба и во Европа, и во целиот свет, да се развива култура на излегување во пресрет, култура на братство, и јас ќе дојдам меѓу вас, да го посеам ова семе. Сигурен сум дека вашата земја е добра, дека ќе го прими ова семе и ќе добие плодови. Посебната убавина на вашата земја, се должи на различните култури, етникуми и религии што живеат во неа.  Секако дека соживотот не е секогаш лесен, го знаеме тоа, посочува, но вреди да се вложи тој напор, бидејќи најубавите мозаици се тие што имаат многу бои, стои во пораката од папата.

Папата Франциск нагласи дека неговата посета всушност ја посветува на најголемата хуманитарка на сите времиња и голема светица, ќерка на нашата земја како што ја нарекува тој, Мајка Тереза, која е родена и израсната во Скопје. 

Драги пријатели, да ја подготвиме нашата средба со молитва дека ќе биде исполнета со мир и секое добро за целиот ваш народ. Бидете од Бога благословени, стои во пораката од папата!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.