Франциск поглаварот на Римокатоличката црква наредната година ќе ја посети Македонија.

Објавил: admin@magazin | 21 декември, 2018 9:40

Папата Франциск наредната година во посета на Македонија

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На почетокот на 2019 година папата Франциск ќе посети неколку европски држави, меѓу кои на неговата листа се наоѓа и Република Македонија.

Најпрвин од 23 до 27 јануари ќе ја посети Панама, потоа од 3 до 5 февруари ќе престојува во Обединетите Арапски Емирати и од 30 до 31 март ќе биде во Мароко.
Од 5 до 7 мај ќе ја посети Бугарија,односно ќе ги посети градовите Софија и Раковски. На 7 мај е најавена неговата посета во Македонија, односно во Скопје.

Франциск е поглавар на Римокатоличката црква и папа од 13 март 2013 година. Во редот на исусовците се приклучил во 1969 година. Франциск е 266. папа на Римокатоличката црква.Роден е на 17 декември 1936 година во Буенос Аирес. Дипломирал на Теолошкиот факултет во Сан Мигел, a во родната Аргентина предавал и работел на ширење на верата. За кардинал бил избран во 2001 година. Работел на подобрување на угледот на црквата која загубила многу верници, бидејќи отворено не застанала против диктатурата во Аргентина во 70-те години од 20 век.

Од Ватикан истакнаа дека конкретните детали за патувањето и за се она што ќе се случува во Македонија, ќе бидат изнесени дополнителни информации пред да се наближи неговата посета. Тој е првиот папа кој ја посетил Македонија.

Франциск е прв папа од редот на исусовците, прв кој доаѓа надвор од Европа по повеќе од еден милениум и прв од Јужна Америка. Тој исто така е прв понтиф кој по Јован Павле I одбрал претходно неупотребено папско име, а во чест на светиот Франческо Асишки, скромен монах кој многу и помогнал на Католичката црква.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.