Како вистински PistenBully, 100 E веќе е моќен на снег и ги помина првите тестови на многу убедлив и предобар начин.

Објавил: admin@magazin | 16 мај, 2019 0:40

Патеките наскоро ќе бидат обработувани целосно 100% без емисии на штетни гасови!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Дали е можно патеките наскоро да бидат обработувани целосно 100% без емисии на штетни гасови?

На меѓународниот водечки саем за алпски технологии, во Инсбрук на INTERALPIN 2019, каде PistenBully го слави својот 50-ти роденден, и даде на индустријата жесток одговор. Првиот чекор веќе беше преземен уште 2012 година со лансирањето на PistenBully 600 E+, дизел-електричен погон. Со студијата PistenBully 100 E, инженерите на Kässbohrer сега го направија невозможното можно. Тоа значи дека имаме изгледи за целосно чисти планини и средени патеки. 

Со проучувањето на првиот електричен PistenBully 100 E, овој одговор е повеќе од јасен. Емисии од нула проценти – За првиот PistenBully 100 E, енергетскиот капацитет на батеријата е 126 kWh со номинален напон од 400V.

 Во 5 часа, SoC (State Charge) е 75%. По 6,5 часа, батеријата е целосно и потполно наполнета. Со чисто математички термини, ова обезбедува просечно време на возење од 2,5 до 3 часа.
Како вистински PistenBully, 100 E веќе е моќен на снег и ги помина првите тестови на многу убедлив и предобар начин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.