Обиколницата над Битола од магистралниот пат Прилеп - Охрид редовно не е во функција веќе трета година по ред

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 август, 2018 6:00

Патот Битола – Ресен затворен во двата правци поради свлечиште

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Обиколницата над Битола на магистралниот пат Прилеп – Охрид вечерва е затворен за сообраќај поради свлечиште. Како што информираат од АМСМ патниот правец е затворен во двата правци а возилата се пренасочуваат низ градот.

“Поради свлечиште над патот А3 Битола – Ресен поточно на раскрсница за село Крклино до бензинска пумпа Лукоил кај областа викана Билбил Камен истиот е затворен во двата правци од 19:40 часот.” – се вели во соопштението.

Овој дел од обиколницата беше пуштен во употреба во мај годинава откако беа санирани две свлечишта кои се појавија по големите поплави во Пелагонија во 2015-та година.

Патот повремено беше пуштан во употреба но секое ново лизгање на земјиштето од ридот создаваше проблеми затоа што имаше одрони од камења на коловозот. Најверојатно поројните дождови ова лето повторно активираа делови од ридот поради што оваа делница од вечерва е повторно затворена за сообраќај.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...