Пеннзионерката живее во скромен стан која по соседите должела по стоденарки.

Објавил: Весна Петровска | 1 август, 2019 16:45

ПЕНЗИОНЕРКАТА ВЕЛИ ОГРАБЕНА СУМ: Должела по соседи, но во име на Сојузот на Боки 13 подигнала 720 илјади евра

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Телма направи сторија за пензонерката со идеја. Таа во име на Сојузор на Боки 13 има подигнато 720 илјади евра.

Пеннзионерката живее во скромен стан која по соседите должела по стоденарки.

Била општествено активна и ввклучена во социјални пензионерски друштва, но екипата на Телма не ја пронајде во нејзиноот дом.

Пензионерката со идеја на сметка и легнале 720 илјади евра

Живее на мансарда во центарот на Скопје, но ниту вчера ниту денеска ја немаше дома. Соседите се чудеа дека нивната комшика Лиле е бабата со идеја вредна 720 илјади евра затоа што на некои со години им должела по ситни 100 или 500-тини денари.

Но на договорот меѓу Меѓународниот сојуз Скопје и ГП Пелистер, потписот на комшиката Лиле стои на 4-то место, како претставник на невладината, со улога автор и координатор на проект. На договорт се потпишани Боки 13, Агапи Дика, Јованка Кухар и пензионерката Тодоровска. Тие во име на меѓународниот сојуз склучуваат договор со ГП Пелистер во чие име потпишува сопственикот Силјан Мицевски. Договорот е потпишан на 13-ти декември 2017.

-Ограбена сум. Мене парите веднаш ми се земени од луѓето кои беа со мене во банка. Веднаш потоа ми беа земени парите, рече Лилјана Тодоровска во телефонски разговор за Телма.

Повеќе прочитајте ТУКА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.