Поранешниот вицепремиер Пешевски, кој физички се обидуваше да ги нападни новинарите, сега со оценка дека ВМРО - ДПМНЕ ја уништила А1 ТВ за да нема јавен критичар

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 ноември, 2018 7:39

Пешевски по стапките на Јанкулоска, стана владин експерт за груевизам

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Владимир Пешевски и Миле Јанакиески имаат повеќе од една заедничка допирна точка, иако најбитна е онаа што и двајцата завршија Шефилд колеџ во Солун по што прво вработување им беше министри во владата на Груевски.

Поранешниот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски, кој на функцијата беше 8 години, синоќа отворено зборуваше во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 изјавувајќи дека одлуките и политиките додека ВМРО – ДПМНЕ беше на власт биле носени во партијата, а Владата само ги спроведувала.

Согласно законските прописи сите одлуки на извршната власт и се партиски во основа како се базирани на предизборните програми, но Пешевски заборави како е да не си министер.

Воедно Пешевси се осврна и на А1 ТВ и делувањето на партијата па истакна дека по затворањето на А1 телевизија Владата на Никола Грувски стана нестабилна. Јасно е дека еден таков процес не може да функционира без корективен механизам.

Има еден момент на прекршување, со акцијата за затворање на А1 телевизија. Во случајот на ВМРО – ДПМНЕ и првите години на владеење, А1 беше силен корективен механизам. Кога тој механизам го снема, системот бега од нормала и станува нестабилен. Мислам дека тоа му се случи на ВМРО – ДПМНЕ. Една од причините зошто не бев омилен меѓу членовите на владата е дека искажував различно мислење.

Во една прилика му кажав на Груевски дека имам впечаток дека дел од членовите се плашат да му кажат што мислат. Зашто се случуваше на седници кога Груевски не е тука, членовите да зборат едно, а кога е тука да се однесуваат поинаку. Ми одговори ти често ми контрираш, ти се случило нешто лошо тебе? Но, како што изминуваше времето човек почнува постепено да не го кажува своето мислење. Се случувале и добри работи, но се случуваа и работи кои не требаа да се случуваат. И одговорноста, политичка и друга, мора да се понесе. – рече Владимир Пешевски.

Пешевски очекува некој да се самопријави дека ги прислушкувал.

Очекувам деновиве, тој што прислушкувал јавно да признае дека прислушкувал. Нелегалното прислушкување влијае сега, но ќе прави проблеми и во иднина, за 5 или 10 години. – изјави Пешевски

На крајот од своето гостување, Пешевски испрати и порака до пребеганиот поранешен премиер, Никола Груевски.

Никола, врати се! – порача Пешевски.

Пешевски при говорот за понижувањето и уништувањето на А1 ТВ изостави да искоментира зошто физички се пресметување со новинари низ Скопје во периодот од залезот на неговата политичка кариера но и зошто ако знаел за криминалот во ВМРО – ДПМНЕ останал вицепремиер?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.