Во Албанија и тоа е можно, пилот пред да полета од Тирана за Милано се направил "летва" пијан, па пет часа се обидувале да му најдат замена

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 септември, 2018 11:31

Пијан пилот одложил лет за пет часа во Тирана

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Несекојдневен настан е регистриран синоќа на Меѓународниот аеродром во Тирана.

Полетувањето на авион кон аеродромот “Малпенса” во Милано е одложен за дури пет часа поради тоа што капетанот на авионот Е.Л.(47) бил пијан.

Лицето Е.Л. шпански државјанин, кој е капетан на авионот, кога патниците почнале да влегуваат во авионот, е приведено поради тоа што тој бил во алкохолизирана состојба. Колега на пијаниот пилот го пријавил во Граничната полиција и авиокомпанијата, по што е блокиран летот а патниците се вратени назад. – стои во полициското соопштение.

По барање на авиокомпанијата, направен е алкотест кој се покажал позитивен, бидејќи првиот тест покажал присуство на алкохол 0.35 мг/л додека вториот тест 0.31 мг/л.

Компанијата презела соодветни мерки и пијаниот пилот го заменила со друг и по пет часа од предвидениот термин авионот полетал за Милано.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести