Полицајката реагираше инстинктивно и мајчински

Објавил: admin@magazin | 21 август, 2018 13:33

Полицајка на должност надои болно бебе во болницата, зад ова се крие тажна приказна (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Полицајка која била на должност во една аргентинска детска болница, реагираше инстинктивно, мајчински, кога во установата било примено неухрането бебе, претходно пронајдено како живее во тешки услови.

Имено, Селесте Ајала, која и самата e од неодамна мајка, веднаш забележала дека болничарите имаат премногу работа, па се понудила да го прими бебето и да го нахрани.

Забележав дека тоа е гладно. Ги прашав дали смеам да го прегрнам и надојам. Беше тоа тажен миг, ми се скрши срцето кога го видов. Општеството треба повеќе да се грижи за овие деца, изјави Ајала за локалните медиуми.

Фотграфијата од полицајката на која го дои бебето ја објави и нејзиниот колега Маркус Хереида.

Сакам да го покажам овој голем пример на љубов кој си ја покажала за ова мало бебе, спрема кое неможеше да го сокриеш мајчинскиот инстикт. Не ти беше грижа што не беше чиста, ниту тоа што те предупрењдуваа болничарите. Секоја чест, напиша нејзиниот колега полицаец.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.