Полицијата со солзавец ги растера демонстрантите

Објавил: admin@magazin | 17 јуни, 2018 23:19

Полицијата удри по народот, повредени цивили меѓу кои и жени и деца

Фото/Текст извор: ©фб / магазин.мк

Седумина полицајци се повредени, а тројца цивили се приведени во насилните протести пред Собранието на Македонија, пренесуваат медиумите, а професорката Тања Каракамишева на социјалните мрежи информираше дека повредени има и жени и деца.

Екипа на Итната медицинска помош интервенираше вечерва поради повредени лица во насилните протести што се одржаа пред Собранието на Македонија.

Полицијата со солзавец ги растера демонстрантите кој што протестираа против договорот кој што денеска го потпишаа Македонија и Грција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести