МВР со акција синоќа заплени 13 мотори за кои се сомнева дека учествувале за диви ноќни трки низ Скопје

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 август, 2018 11:24

Полицијата улови диви тркачи на скопските улици задржани 13 мотори

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во акциска контрола за откривање возачи кои организираат и учествуваат во диви трки ноќеска во Скопје полицијата задржала 13 мотоцикли кои ќе бидат упатени на вонреден технички преглед.

Акцијата што траела од 20 часот синоќа до еден часот по полноќ ја спроведе Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје.

“Од страна на полициски службеници во Полициска станица Кисела Вода и Карпош привремно се задржани 13 мотоцикли поради сомнение на вградување на одделни системи составни делови – самостојни технички единици и опрема што се разликува од основно вградените – издувни системи по член 53 од Законот за возила и тие ќе бидат упатени на вонреден технички преглед. Привремено задржани се по четири моторцикли “Кавасаки” и “Хонда” како и по две “Сузуки” и “Јамаха” и еден моторцикал “КТМ”. – соопшти Министерството за внатрешни работи.

По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи преземени се 25 мерки за сторени сообраќајни прекршоци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...