Зоран Заев и Али Ахмети се договорија на пописот да има етничка графа но дали ќе се почитуваат меѓународните стандарди

Објавил: Узунов Бобан | 24 февруари, 2019 19:07

Пописот ќе биде со етничка графа, дали Рамковниот договор е загрозен ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Зоран Заев и Али Ахмети се договорија – граѓаните се изјаснат и за етничката припадност на пописот следната година, потврдуваат за тв 24 од двете партии. Според информациите законот е во финална фаза, според планираното се очекува уште неделава да помине на влада. Каков ќе биде одговорот на државата во однос на етничките права обезбедени врз основа на процент од вкупниот број на населението, односно што ќе се случи доколку албанската етничка заедница е под 25 % од вкупниот број на население ?

До крајот на март да се изгласа во Собранието. Според информациите совен етничката графа, која што предизвика низ дилеми во јавноста, вториот спорен момент, од пропаднатиот попис во 2011 та –попишувањето на ислениците што се повеќе од една година надвор од државата е усогласен – тие ќе се попишуваат, но според информациите нема да влезат во вкупното население. Предвидено е новото пребојување на населението да ги чини граѓаните 8,5 милиони евра. 

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски ја убедуваше јавноста дека етничката припадност нема никаква вредност во пописната операци и инсистираше на меѓународните стандарди за пописот. Прашањето е како се применуваат меѓународни стандарди кога лидери на политички партии ги утврдуваат условите за пописот ?

Дека има договор за најжешкото прашање-етничката графа во 24 анализа и официјално потврди министерот за администрација кој беше дел од преговорите. И од дуи потврдуваат дека се усогласени клучните позиции. Порачуваат дека етничка графа ќе има, но велат за деталите треба докрај да се прецизира текстот на законот. Од заводот за статистика кој што ќе ги спроведе пописот идната година, а кој што беа вклучени во преговорите не сакаа да откријат детали за законот. Но, кусо велат дека најдоброто во идниот попис е што нема да има пописна комисија која што е политичка, но и дека ќе се користат повеќе регистри и нема да има можност за злоупотреби.

Последен пат успешен попис имаше во 2002, по 2011 по низа политички контроверзии и обвинувања беше прекинат неколку дена пред крајот. Тогашниот премиер Никола Груевски обвини за фалсификат, а пописниот материјал беше уништен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести